Германија сака конструктивни односи со Русија

Германија сака да гради конструктивни односи со Русија, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел во интервју за германски медиум.

Таа исто така истакнала дека не ја исклучува можноста за испраќање на оружје во Ирак, но  дека се уште не е донесена конечна одлука за тоа.

Страдањата на луѓето во северниот дел на Ирак ја приморале меѓународната заедница да ги сопре екстремистите и да им помогне на загрозените.