Германија: Со секира и нож нападнал патници во воз

Четири лица се потешко повредени при напад во регионалниот воз кој патувал за баварскиот град Вирцбург. Уште едно лице е полесно повредено, откако 17-годишен Авганистанец изврши напад со секира врз патниците во возот, по што беше застрелан од полицијата.

Сведоци раскажуваат дека првин слушнале  како момчето вреска нешто на јазик различен од германскиот. Претходно портпаролот на Баварскиот Министерство за внатрешни работи соопшти дека нападот најверојатно е исламистички.

germanija-sekira-noz-napadnal-patnici-3

Инцидентот се случил синоќа околу 21.15 часот (по локално време) во воз кој се движел од Тројхлинген кон Вирцбург, провинција на Баварија.

 

Министерот за внатрешни работи на федералната покраина Баварија Јоаким Херман информира дека напаѓачот е 17-годишен Авганистанец кој пристигнал во Германија како непридружуван бегалец.

germanija-sekira-noz-napadnal-patnici-2

Првично бил сместен во блискиот град Охзенфурт, а сосема од наскоро бил предаден на грижа на семејство.  На прашањето дали може да се зборува за исламистички напад, баварскиот министер за внатрешни работи изјави дека тоа може да е само „прелиминарна проценка“ што треба да биде проверена.

Херман не ја исклучува можноста да постои поврзаност на овој со последниот напад во југоисточниот француски град Ница.

Мошне е веројатно да станува збор за „исламистички напад”, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи во Минхен, кој додаде дека напаѓачот викал „Алах е голем“.

По нападот железничката станица меѓу Вирцбург и Охзенфурт беше затворена. Иако постојат голем број шпекулации, во моментов се уште не се познати мотивите за извршувањето на кривичното дело.