недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 30

Германија сигурно до победата против Украина

Во групата Ц Германија е прва со 3 бодови, пред Полска која има исто толку, Северна Ирска и Украина се без бодови. Во следното коло од групата играат Германија – Полска и Северна Ирска – Украина.

Германија сигурно до победата против Украина

Германија сигурно до победата против Украина

Поврзани вести

Репрезентацијата на Германија синоќа постигна победа над Украина со 2:0 со головите на Шкодран Мустафи и на Бастијан Швајнштајнгер.

Ова беше вториот натпревар од 1. коло од групата Ц каде во попладневната програма Полска ја совлада Северна Ирска со 1:0.

Германците поведоа преку Мустафи во 19. минута, а Украина во првиот дел имаше и неколку шанси за изедначување. Откако Украина не ги реализираа своите шанси и од вториот дел Швајнштајнгер во 90+2 минута ги постави конечните 2:0, што засега е најубедлив триумф на една селекција на ЕУРО 2016.

Во групата Ц Германија е прва со 3 бодови, пред Полска која има исто толку, Северна Ирска и Украина се без бодови. Во следното коло од групата играат Германија – Полска и Северна Ирска – Украина.

На третиот натпревар одигран вчера од групата Д Хрватска ја победи Турција со 1:0.

Најчитани вести