Германија со нова рекордно ниска невработеност

Германија овој месец го урнала рекордот на ниска невработеност и со 6,3 отсто луѓе без работа во моментов има најмалку невработени во својата историја како единствена држава.

Според Федералната агенција за вработување со седиште во Нирнберг бројот на луѓе без работа паднал за 0,1 отсто во споредба со октомври кога процентот на невработеност беше 6,4.

Според Бундес банката економската состојба во земјата е „прилично силна“, со солиден пазар на работна сила која што ја поддржува домашната побарувачка и покрај послабиот извоз како резултат на послабиот глобален раст.

Според анализата на Блумберг, бројот на невработени во ноември паднал за 6.000 во западниот и за 8.000 во источниот дел од земјата.