Германија со новиот закон го олеснува депортирањето и надзорот над имигрантите

Германскиот парламент го усвои законот со кој се олеснува депортирањето на одбиените баратели на азил и полицискиот надзор на оние коишто се сметаат за опасни, што опозициските партии и организациите за заштита на човековите права го критикуваа како нарушување на правата на имигрантите.

Спорд законокот кој Бундестагот го усвои во четвртокот доцна ноќта, германските власти ќе можат да ги притвораат имигрантите коишто треба да бидат депортирани на 10-от ден наместо на четвртот, и да ги следат преку нараквица на глуждот оние коишто би можеле да извршат терористички напад.

Законот, исто така, ја ограничува слободата на движењето на сите одбиени баратели на азил.

Сојузната агенција за бегалци BAFM и другите владини тела ќе добијат повеќе простор за користење и размена на податоци собрани од мобилините телефони на имигрантите.

Организацијата за права ба бегалците Pro Asyl ги критикуваше новите мерки, оценувајќи дека на бегалците им се скусува правото на приватност.

Бранејќи го законот, министерот за внатрешни работи, Томас де Мезиер, изјави дека тој претставува „врв на напорите да се заострат законите за азил во вој законодавен период“.

Мерките делумно се одговор на терористичкиот напад со камион во Берлин ланскиот Божик во кој беа убиени 12 луѓе. На напаѓачот Анис Амри му било одбиено барањето за азл и бил под полициски надзор, но властите поради прописите уште не го депортирале.