Германија ја слави 25-годишнината од уривањето на Берлинскиот ѕид

Централната манифестација во одбележувањето на 25-та годишнина од уривањето на Берлинскиот ѕид, кој беше симбол на поделбата на Европа во текот на Студената војна ќе се одржи денеска во германскиот град главен град Берлин.

На свеченоста ќе учествуваат голем број германски политичари, меѓу кои и претседателот Јоахим Гаук и канцеларката Ангела Меркел, како и повеќе гости од странство.

Претпладнево Гаук ќе го посети Меморијалниот комплекс во улицата „Бернауер“, каде во знак на сеќавање е зачуван дел од Ѕидот. Гаук ќе положи цвеќе за загинатите при обидите за бегство на Запад и ќе присуствува на литургија во блиската црква.

Во изложбениот дел на комплекстот во „Бернауер“, канцеларката Меркел ќе отвори изложба под наслов „1961-1989. Берлински ѕид“.

Во концертната сала на полштадот „Жандармнмаркт“ денеска ќе се оджри свечена академија, а вечерва кон небото ќе бидат пуштени 6.880 светлчки балони, кои ќе бидат наредини долж линијата на која се наоѓал Ѕидот, со што симболично ќе биде прикажано неговото исчезнување. При пуштањето на балоните, симфониски оркестар пред Бранденбуршката порта ќе ја свири Одата на радоста од Бетовен.

По повод уривањето на Ѕидот, вчера во Берлин се одржа научна конференција под насив „Паѓањето на ѕидовите“, на која говореше и германската канцеларка Ангела Меркел, при што нагласи дека пред 25 години жителите на германскиоѕ главен град „создавале историја“.

– Човековиот стремеж кон слободата не може да биде потискуван долго време, нагласи Меркел, додавајќи дека „за добивање на слободата е потребна храброст, но храброста е потребна и за да се користи слободата“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.