Германија: Спречен терористички напад

Германската полиција спречила планиран терористички напад од страна на исламски радикали во градот Оберусел во близина на финансискиот центар Франкфурт, јави дописникот на МИА од Берлин.

Весникот „Ди Велт“ соопшти дека една брачна двојка била уапсена во текот на ноќта, а во нивниот стан било пронајдено оружје и експлозиви. Полицијата не ги потврдува информациите на весникот, но за попладнево е закажана прес-конференција на оваа тема.

Според пишувањата на „Ди Велт“ двајцата уапсени, кои се идентификуваат како Халил и Сенај се дел од мрежата на „Ал Каеда“. Полицијата почнала да го надгледува брачниот пар откако тие купиле голема количина хемикалии кои што можат да се искористат за правење на домашно произведени бомби и почнале да се употребуваат лажни имиња, тврди Ди Велт од каде тврдат дека за време на претресот биле пронајдени и автоматска пушка  и муниција.

Германските разузнавачки служби сметаат дека над 500 германски граѓани досега патувале во Сирија и Ирак за да станат дел од радикални исламистички вооружени групи