Германија стравува од можни терористички напади

Федералната криминалистичка служба (БКА) на Германија стравува од евентуални терористички напади, слични на тие во Париз, објави весникот „Велт“.

Во документот на БКА се наведува дека радикалните исламисти преку интернет ги поддржале терористичките напади во Франција и повикале на слични напади во Германија.

– Нападот врз париската редакција на сатиричниот весник „Шарли ебдо“ може да биде оценет како појдовна точка за лицата склони кон насилство, кои живеат или претстојуваат во Германија, се посочува во документот.

БКА наведува и дека на интернет, меѓу кои и германските организации за заштита на муслиманите го поздравиле и оправдале нападот врз „Шарли ебдо“. Како пример се посочуваат твитовите на еден радикал кој на 7. и 8. јануари повикувал на терористички  напади во цела Европа, а како следна цел ја навел Германија.

Но, БКА истакнува и дека нема конкретни докази за планови за терористички напади во Германија. Исто така, предвидува и дека се можни реакции против муслиманите, какви што имаше во Франција.