Германските власти денеска објавија дека спречила планирани напади на џамии, засолништа, прифатилишта на ализанти и објекти во кои што биле сместени исламски екстремисти, јави дописникот на МИА од Берлин.
Федералните истражители објавија дека се уапсени четворица припадници на крајната десница кои што биле членови на терористичката група наречена „Општество од стар ков“ . Групата е формирана во ноември 2014 година најдоцна со цел да се организираат напади на муслимански цели но нема информации дека нападите требало да се случат набрзо. Групата е уапсена по добиените информации од гермаснките разузнавачи.
„Според доказите што ги имаме целта на организацијата била да напаѓа помали групи на познатите „Салафисти“, џамии и засолништа за бегалци во Германија“ се вели во иајвата на германското обвинителство.
Меѓу запленетите предмети од групата има и моќни експлозиви кои што можеле да предизвикаат огромни материјални штети и човечки жртви.
Четворицата уапсени се идентификувани како Андреас Х. (56) , Маркус В. (39) Олаф о. (47) и Ванеса Г (22) а уапсени се по извршени се по претресите во неколку германски градови меѓу кои и Дрезден седиштето на антиислмистичкото движење ПЕГИДА. Покрај во Саксонија истрагата била водена уште во четири други покраини меѓу кои и Баварија. Засега нема информации за било какви идеолошки или физички контакти на радикалната десничаркса група со движењето ПЕГИДА кое што се бори за помало влијание на исламот врз западните вредности и кое што успеваше на протестите одржувани во повеќе германски градови да собере десетици илјади луѓе. Пред 4 години германските власти открија неонацистичка група која што извршила неколку убиства на муслимани и имигранти. Единствениот преживеан од групата во 2013 година добил долгогодишна казна затвор.