Свет

Германија: Уапсени двајца припадници на ИД

Германија: Уапсени двајца припадници на ИД

Германската полиција уапси двајца припадници на џихадистчката група Исламска држава (ИД), под обвинение дека се „дел од странска терористичка келија“, но засега нема индиции дека планирале напади во Германија.

Како што јавува МИА, осомничените, кои биле дел од вооружени формации на ИД, се уапсени во германската покраина Западна Рајна Вестфалија, а Јавното обвинителство објави дека нивните имиња се Мусфата Ц. (26) и Себастијан Б. (27).

Тие на ИД и се придружиле во 2013 година, откако предходно престојувале во Сирија. Второуапсениот, кој заработи и кривична пријава за повикување на отпор против државата, бил одговорен за исламска пропаганда во неговата единица.

Германската Влада минатата недела одлучи да ја зголеми безбедноста во врска со исламистите кои се членови на странски вооружени формации и ја прошири забраната за патување во спорните региони каде што се активни тие.

Повеќе од 600 германски државјани се или биле дел од исламистички групи во Ирак и Сирија, а една третина од нив, според безбедносните служби, се веќе вратени во Германија.

фото:wsj.com