Германија во Австрија врати 11.700 бегалци

Бројот на бегалците кои германските власти ги враќаат на германско-австриската граница и натаму е голем и во првите шест месеци од оваа година изнесува 11.700 вратени мигранти, покажуваат денеска соопштението податоци на надлежните власти. 

Германската полиција во периодот од јануари до јули во Австрија вратила 11.700 бегалци, соопшти германското Министерство за внатрешни работи.

Со тоа Министерството ги потврди наводите на министерот за внатрешни работи на Австрија, Волфганг Соботка, кој во неодамнешното интервју за германската агенција ДПА изјави дека Германија оваа година во Австрија вратила околу десет илјади бегалци.

– Ние ги примаме, бидејќи се придржуваме до Даблинската спогодба, нагласи Соботка.