Германија во страв од терористички напади

Германија може да биде цел на терористички напади во секое време, се вели во извештајот на владините безбедноси агенции чии делови пренесува весникот „Билд“.

Според информациите доставени до германската Влада во јуни, постои реална опасност да бидат нападнати цели во авионскиот и железничкиот сообраќај, фреквентни локации како панаѓури, пазари и фестивали,

– Сојузна Република Германија е декларирана и активна цел за џихадистичко насилство. Германските агенции и интереси се предмет на хипотетичка закана во земјата, како и во странство, се вели во извештајот.

Според „Билд“, постои зголемен ризик дека симпатизери на терористички организации, кои немаат директна врска со нив можат да спроведат независни напади. Според извештајот, постои речиси сигурна закана и долгорочна закана од џихадисти-повратници од Сирија и Ирак.

Извештајот бил подготвен еден месец пред нападите во Германија што се случија на средината на јули, кога 17-годишен Авганистанец со секира нападна патници во воз, а Иранец уби девет лица во Минхен.

Подоцна Германија се соочи со и со експлозија на бомба поставена од Сириец пред музички фестивал во Баварија, а друг терорист од Сирија со мачета уби една жена близу Штудгарт.