АНАЛИЗА: Германија во страв од вашингтонско сценарио на Турција во Хамбург

На маргините на авторитетниот дискусиски форум во Берлин, дваесетте најголеми економии во светот се издигнати на прсти поради едно на прв поглед второстепено прашање. Владејачката голема коалиција стравува дека Турција ќе испрати официјално барање за организирање на средба на претседателот Реџеп Таип Ердоган со негови поддржувачи во Германија. Таков чекор го прави турскиот претседател нјтежок гостин за домаќинот Ангела Меркел.

Телевизиските кадри од Вашингтон го обиколија целиот свет. Обезбедувањето на турскиот претседател се нафрли врз демонстранти и физички се пресмета со нив – со тупаници и со клоци. Воопшто не е добро слични сцени да се повторат во Хамбург, каде треба да се одржи средбата на лидерите од Г-20.

Турција е свесна дека на германска земја човек треба да ги почитува правото и законот, предупреди Мартин Шефер, портпарол на Министерството за надворешни работи.

Затоа и нема збор дека истите телохранители ќе го придружуваат Ердоган на средбата. Тоа што официјален претставник на министерството за внатрешни работи го коментира обезбедувањето на странски гостин, покажува колку е сложена ситуацијата пред да пристигнувањето на турскиот лидер во Германија, пишува германски „Шпигел“, пренесува НетПрес.

Во владините кругови во Берлин имаат и поголеми стравувања – дека турскиот претседател ќе го направи токму она кое го најави неговиот гласноговорник во Анкара. Според програмата, на учеството на средбата на Г-20, Ердоган ќе зборува пред свои сонародници, кои живеат во Германија. Разбирливо е дека таква средба неможе да биде организирана во Хамбург, но може да има во некој друг град, најави протпаролот на турскиот претседател.

Планираниот говор на Ердоган, пред дискусиите на лидерите на Г-20, се доживува како провокација, од страна на некои политичари владејачката коалиција во Берлин.

Политиката на Ердоган, да се искористи етничкото турско население во Германија за свои цели, ќе наштети на внатрешниот мир на Германија, смета Нилс Аден, портпарол на парламентарната група за надворешна политика на германската социјал – демократска партија.

Затоа организирањето на таков митинг „не е соодветно“, категоричен е тој.

Но, до овој момент факт е дека е изразена само желба на турскиот претседател.

„Нема официјално барање од Анкара“, потенцираа од германското МВР, пред неколку денови, „и затоа нема причина за тоа дали и како ќе биде направена проверка“ за таква желба од турската страна. Ограничувањето „дали“, би требало индиректно да и’ сугерира на Анкара дека такво барање ќе биде прифатено како навреда за германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел.

Односите меѓу Турција и Германија со месеци се влошени

Ситуацијата меѓу Берлин и Анкара останува затегната веќе сео месеци. Неодамна кабинетот, а потоа и фракциите на владејачката коалиција одобрија предлог на Бундесверот, за повлекување на германските војници од базата на НАТО „Инџирлик“. Конечката одлука беше донесена по спорот за пристап на германска владина делегација во базата, каде се дислоцирани германските војници, кои учествуваат во предводените од САД мисии против радикалната група „Исламска држава“.

Најтемна дамка во турско-германските односи фрли…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.