АНАЛИЗА: Германија во страв од вашингтонско сценарио на Турција во Хамбург

Најтемна дамка во турско-германските односи фрли случајот со дописникот на националниот весник „Ди Велт“, Дениз Јуџел, кој од февруари, годинава се наоѓа во затвор во Истанбул. Вознемирувачки е тоа што неговиот случај не е единствен. Министерството за надворешни работи на Германија објави дека бројот на лицата со германски пасош, а кои се во слична ситуација, се зголемил од шест на девет.

Сите овие околности веќе  ја прават појавата на Ердоган на средбата на Г-20 прилично тешка. И на крајот говор пред свои поддржувачи? Теоретски федералната влада може да одбие такво нешто, како што во 2016 година тоа го направи Административниот суд во градот Мајнстер, во провинцијата Северна Рајна-Вестфалија.

Говорот на Ердоган пред негови поддржувачи во Германија е можен, ако Дениз Јунџел биде ослободен

Можното држење на говор на турскиот претседател во Берлин буди спомени за пролетта. Пред предложениот од Ердоган уставен референдум, неколку политичари од Партијата на правдата, која е владејачка во Анкара, организираа митинзи во неколку градови во Германија. Во тоа време канцеларот Ангела Меркел и министерот за надворешни работи Зигмар Габриел се спротиставија на идејата за налагање на официјална забрана од страна на Берлин на слични дејствија. Право на одлука добија регионалните власти.

Најфрапантен пример беше планираниот говор на шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, во Хамбург. Настанот беше откажан, откако надлежните органи проценија дека салата каде требаше да се одржи крие големи безбедносни ризици во случај на пожар. Ситуацијата и сега не е ништо помалку деликатна. Ако во Берлин пристигне официјално барање за средба на Ердоган со турски грѓани од Германија, тогаш треба да се има во предвид дека тоа се случува во услови на тукушто поставеното начело на предизборната борба во Германија. И ако германските власти откажат да го задоволат евентуалното барање на Анкара, мотивирајќи си ја одлуката со оглед на безбедноста на средбата на Г-20, многумина основано ќе забележат дека само по себе присуството на Ердоган на германска земја ќе предизвика демонстрации.

Нилс Аден, портпарол на парламентарната група за надворешна политика на германската социјал – демократска партија и експерт за надворешна политика, претпоставува како овојпат Берлин би можел да направи исклучок за турскиот претседател.

Тоа ќе биде возможно во случај господинот Ердоган да посака да објави пред своите поддржувачи во Хамбург ослободување на Дениз Јунџел. Тогаш ние со сигурност ќе бидеме во состојба да гарантираме одржување на кратка средба, вели тој.