Свет

Германија забележа историско висок суфицит

Германија забележа историско висок суфицит

Трговскиот суфицит на Германија, која што е цел на критики во Европската унија поради огромниот обем на извоз, според проценките на Заводот за статистика, минатата година забележал рекордно ниво во глобални рамки.

„Германија, според проценките на Заводот за статистика, во 2013-тата оствари досега незабележано високо ниво на трговски суфицит од 200 милијарди евра, што е најголемиот суфицит остварен во светот минатата година“, се наведува во извештајот на тамошниот завод за статистика.

Трговскиот суфицит на Германија, пред се’ е резултат на размената со земјите надвор од евро зоната. Првата економија во евро зоната во 2013-тата година осварила прв трговски суфицит со Кина уште од обединувањето.