Германија загрижена од создавање ново поколение на џихадистички регрути

Германските разузнавачки служби соопштија дека малолетниците кои ќе се вратат од воените подрачја во Сирија и во Ирак, би можеле да израснат во ново поколение на регрути за ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава во Германија.

Повеќе од 950 лица од Германија заминале за да ѝ се приклучат на Исламската држава во Сирија и во Ирак, меѓу кои 20 отсто се жени и 5 проценти се малолетнии, наведе германската разузнавачка агенција BfV.

Во периодот кога Исламската држава ги губи териториите на Блискиот исток, се очекува дека многу од жените ќе се вратат во Германија заедно со децата. Земјата треба да се подготви за можноста од радикализирање на децата, изјави во Ханс-Георг Маасен.

„Се заканува опасноста дека децата коишто џихадистите ги индоктринирале ќе се вратат во Германија од воените зони. То би можело да овозмож подигање нова генерација џихадисти во Германија“, предупредува Маасен.

Потсетува на случајот од минатата 2016 година кога 12-годишно момченце од германско-ирачко потекло не успеа во обидот да предизвика детонација на две екслозивни направи во Лудвигшафен, на западот од земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.