петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 1

Германија започнува судење за воени злосторство во Сирија

Еден од случаите е врз основа на слики поставени на Фејсбук од страна на 21 германски државјанин и осомничен џихадист кој на фотографиите позира со две исечени човечки глави.

Германија започнува судење за воени злосторство во Сирија

Германија започнува судење за воени злосторство во Сирија

Последни вести

Во Германија утре започнува првото судење за воени злосторства во Сирија врз основа на истрагата на федералното јавно обвинителство. Со злосторства во Сирија и Ирак се поврзани 10 истраги, од кои се формирани 30 случаи против поранешни џихадисти, членови на терористички групи.

Еден од случаите е врз основа на слики поставени на Фејсбук од страна на 21 германски државјанин и осомничен џихадист кој на фотографиите позира со две исечени човечки глави.

Меѓу осомничените е Ал Ф., лидер на исламистичка група, која што во Алепо вршел киднапирања и тортура врз цивили. Голем дел од доказите се добиени од изјави и сведочења на бегалци кои што дошле во Германија а кои се жртви или имаат информации за воени злосторства во својата земја.

Сличен обид за судење на воени злосторници во Германија се случил и во 1993 година за време на воените настани во поранешна Југославија но тогаш од 127 случаи во кои сведочеа над 4.500 лица, само четири судења завршиле со пресуда.

Дел од проблемите на германските обвинители лежат во неможноста да се замине на лице место за да се утврди вистината, а проблем прават и материјалите добиени на социјалните мрежи за кои е тешко да се потврди дали се вистинити.

Најчитани вести