Во Германија зголемена продажбата на оружје по нападите од Келн

Побарувачката за оружје за самоодбрана, како што се гасните питоли и лути спрејови и електрошок двојно се зголемила во Германија, пишува „Раша Тудеј“, повикувајќи се на извештаите од локалните дистрибутери.

По нападите од новогодишната ноќ во Келн и другите германски градови се повеќе луѓе купуваат оружје за самоодбрана или бараат дозвола за да ги набават. Меѓу најбараните оружја се воздушни пиштоли, лути спрејови и оружја за самоодбрана.

За разлика од САД, германската легислатива не дозволува слободен пристап до огнено оружје и боева муниција. Но, лиценцата за мало оружје дозволува да се носат несмртоносни или оружја за самоодбрана како што се гасните пиштоли. За да добијат лиценца, апликантите не треб да поминат психолошко испитување или тренинг за оружје, што е неопходно за да се добие смртоносно оружје.

Барањата за лиценци за мало оружје двојно се зголемени од почетокот на годинава. Само во Келн се регистрирани 300 нови апликации на почетокот на јануари, а во 2015-тата вкупно биле поднесени 408 вакви барања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.