Германка роди четворка на 65. години

Шеесет и петгодишната учителка од Берлин, Анегрет Рауник родила четворка, јавуваат денеска германски медиуми.

Како што јавуваат медиумите, таа во вторникот во берлинска болница, со царски рез донела на свет три девојчиња и едно момче.

Четирите новороденчиња имаат големи шанси да ги преживеат евентуалните компликации, со оглед на тоа дека се родени во 26-та недела од бременоста.

Рауник пред да отпатува во странство на вештачко оплодување, веќе имала 13 деца.

Лекарите ја критикуваа нејзината одлука доведувајќи во прашање дали нејзиното тело ќе биде физички во состојба да ја изнесе бременоста.