сабота, 3 декември 2016  |  Вести денес: 40

Германки „нападнале“ полицајци мислејќи дека се стриптизери

полиција

Последни вести

Двајца полицајци кои интервенирале поради поплаките на соседите поради врева во западногерманскиот град Бендорф во текот на викендот, со радост биле пречекнани од десетина жени кои го славеле 50-от роденден на една своја пријатела, мислејќи дека станува збор за стриптизери.

Полицајците, од кои едниот е во средните 20-ти години, а другиот на возраст од околу 50 години, „постојано се обидувале“ да ги уверат жените дека се полицајци, но тие им се нафрлиле, гушкајќи ги и фотографирајќи се со нив, уверени дека станува збор за вистински стриптизери.

На крајот кога жените пред куќата го виделе полициското возило, сфатиле дека имаат работа со вистински припадници на германската полиција.

Случајот завршил со молба од страна на полициајците до славеничките да ја намалат јачината на музиката.

Најчитани вести