Балкан

Германски пратеник: Со Устав во кој пишува дека Косово е дел од Србија, не може во Европска унија

Германски пратеник: Со Устав во кој пишува дека Косово е дел од Србија, не може во Европска унија

Пратеникот од партијата на Демохристијаните во Бундестагот, Торстен Фрај, кажал дека Германија поддржува проширување на Европската Унија кон западен Балкан,  и доколку пристапните  проговори бидат успешни, Србија мора да биде примена во членството.

Сепак, одговарајќи на директно прашање каде што се констатира дека Србија не може во ЕУ со Устав во кој пишува дека Косово е дел од Србија, Фрај рекол: „Точно. Такво е и моето толкување.“

Фрај, кој денеска е во посета на Белград, во разговор за „Дојче Веле“, оценил дека оваа српска влада е „добар партнер“ и додал дека „премиерот Вучиќ и воопшто српската полиција навистина имаат прагматичен однос кон Косово, иако тоа прашање ни малку не е лесно“.
„Никој не смее да заборави дека таа тема е посебна за Србија и дека за решение потребно е голем напор. Верувам дека договорот од Брисел е добар почеток и српската страна го спроведува консеквентно“, посочил Фрај.

Според неговите зборови, прашањето за Косово е голем предизвик за Србија.

„И покрај тоа, и тука е потребен напредок доколку сакаме Србија да се придвижи кон ЕУ. Сите поглавја на преговорите можеме да ги затвориме само со дијалог, пред се’ поглавјето кое говори за владејачките права или поглавјето 35“, истакнал Фрај.

Тој навел дека ЕУ на примерот со Кипар увидела колку е тешко кога некоја земја влегува во ЕУ со нерешени односи и со тоа ја оптоварува целата унија, поради што е важно да се изнајде разумно решение пред влегувањето во ЕУ.

Исто така, Фрај истакнал дека дека сосема е возможно Србија да ги заврши преговорите и да стане членка на ЕУ до 2020 година, без оглед на тоа што ЕУ има внатрешни проблеми поради кои се стекнува впечаток дека е време за пауза во проширувањето.

„Германската канцеларка, Ангела Меркел, во видео поака истакна дека Западен Балкан има јасна перспектива за членство во ЕУ, па така и Србија. А, за да се случи тоа потребно е да се исполнат сите услови. Тоа не би смеело да значи дека Србија нема да биде примена бидејќи Европската унија има сопствени проблеми“, објаснил Фрај.

„Луѓето ќе прашат што ќе им донесе европскиот пат, што тоа значи за нивниот живот и затоа е важно новата српска влада да го намали државниот долг, да го консолидира буџетот и да ги подобри економските услови за своите граѓани“, смета Фрај.