Германска амбасада во РМ: Границите на Западниот Балкан се конечно поставени

Германската амбасада во Република Македонија преку писмено соопштение реагираше на изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, во кое нагласува дека Германија и Европската Унија се убедени дека секоја држава треба самата да одлучи со своето население кој пат сака да го изоди.

„Овој став е цврст темел на нашата политика во однос на земјите од Западен Балкан. Вашата земја, како и сите држаави од Западниот Балкан, доброволно се одлучи за пат кон Европската Унија. Во својата неодамнешна изјава македонскиот министер за надворешни работи уште еднаш јасно ја наведе интеграцијата во ЕУ и НАТО како цел на својата држава. Германија и нејзините партнери во ЕУ го признаваат територијалниот интегритет на Вашата земја. Границите на Западниот Балкан се конечно поставени. Шпекулациите за промени на граничните линии се неодговорни и би можеле да претставуваат почеток на нови насилни конфликти. По насилните настани во Куманово, со олеснување ja следевме сплотеноста на граѓанките и граѓаните од сите етникуми. И понатаму ги повикуваме сите страни на присебност, за да не се оптоварат односите помеѓу етникумите. Сојузната влада го дели неприкосновениот интерес за оддржлива стабилност, слобода, безбедност и просперитет во регионот со граѓаните од државите на Западниот Балкан. Заедно со нашите партнери се залагаме за оваа цел. Сега, во преден план треба да биде решавање на кризата што трае веќе со месеци. За ова е неопходно темелно и транспарентно соочување со содржината на обвинувањата произлезени во рамки на објавените прислушувани телефонски разговори. Освен тоа, потребни се системски реформи за повторно да се стекне довербата во демократските институции на државата, стои во соопштението од амбасадата на Германија во Скопје.

Напорите на ЕУ за посредување, се подвлекува во соопштението од Германската амбасада во Скопје, ја имаат нашата потполна поддршка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.