Германска донација за Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје

Единаесет индустриски машини за шиење и додатен прибор од германската фирма „Киблер“ и Германското сојузно министерство за економска и развојна соработка од Бон ќе добие одделот за конфекциска техника на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје.

Донацијата е во вредност од 7.500 евра, а ќе биде предадена во среда во присуство на германската амбасадорка Кристине Алтхаузер.

Фирмата Киблер и претходно има донирано материјали за шиење во вредност од 5.000 евра.

Соработката се остваруваше во рамки на двегодишниот проект за јавно-приватно партнерство меѓу фирмите „Босут“ од Куманово и „Киблер“ и Сојузното министерство за економска соработка со цел квалификување и воведување на нови производствени методи за зголемување на конкурентноста на македонската конфекциска индустрија.