Германска министерка јавно ја запроси партнерката по гласањето за еднополовите бракови

Германската министерка за животна средина Барбата Хендрикс во петокот јавно ја запроси својата партнерка, само неколку часа откако Бундестагот го изгласа легализирањето на еднополовите бракови.

„Влеговме во граѓанско партнерство на 22 октомври 2010 година, така што можеме да ги заокружиме првите седум години и тогаш ќе се венчаме на 22 октомври“, изјавила Хендрикс во текот на запросувањето на својата партнерка пред Бранденбуршката порта.

Министерката, чијашто партнерка е девет години помлада од неа и работи како учителка, додала дека венчавката не може да се одржи порано, поради нејзината кампања за парламентарните избори кои ќе се одржат на 24 септември.

Министерката за животна средина Барбара Хендрикс е членка на Социјалдемократската партија на Германија (SPD), помалиот партнер во ткн голема коалиција кои им се спротиставија на деохристијаните од Унијата CDU/CSU и ги натераа да се гласа за ова прашање до крајот на оваа седмица. Сепак, најголемиот придонесе за изгласувањето на овој закон го имаше канцеларката Ангела Меркел која на почетокот од седмицава изјави дека ќе дозволи пратениците на нејзината коалиција во текот на гласањето за таканаречениот „закон за сите“ да гласаат според сопствената совест, а не да бидат врзани со партиската дисциплина. Самата таа гласаше против по кусата но жестока расправа.

Претходно во петокот од 623 пратеници присутни во пратеничкиот дом на германскиот парламент, 393 гласаа „за“, а 226 „против“, додека четворица беа против.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.