Свет

Германска полиција: Европа да создаде транснационална база на податоци заради следење на исламистите

Германска полиција: Европа да создаде транснационална база на податоци заради следење на исламистите

Европа треба да создаде транснационална база на податоци за да ги следи подобро исламистите кои можеби се вратиле од Ирак и Сирија, побара началникот на германската криминалистичка полиција Холгер Мјунх, пренесува БТА.

Тој предупреди дека европските ИТ структури во областа на безбедноста се недоволни.

Само околу половина од 28-те земји членки на ЕУ автоматски споредуваат отпечатоци и ДНК профили, вели Мјунх

– Неопходно е да станеме побрзи и подобри во тоа. Земјите од ЕУ мора да работат заедно преку заедничка транснационална мрежа на податоци, повика тој.

Германскиот полициски началник изрази загриженост од формирањето на мрежа од џихадисти, кои се вратиле во голем број европски држави. – Овие луѓе се запознале во Ирак или Сирија и одржуваат контакти и врски тука во Европа, истакна Мјунх.