Германска служба за миграции: Повеќето мигранти се млади мажи без квалификации

Три четвртини од бегалците што влегле во Германија во 2015-тата се мажи, од нив две третини се помлади од 33 години, со многу мало работно искуство. Ова го покажува новото истражување на германската национална служба за миграции, пренесува „Раша Тудеј“.

Германската федерална служба за миграција и бегалци објави нова студија за околу 1,1 милион бегалци што влегле во земјата минатата година и даде подобар поглед врз мигрантите од општествена перспектива. Истражувањето на азилобарателите дава поглед одблиску на социјалниот статус, образованието и професијата на мигрантите, како и за нивната возраст.

Најголемиот број мажи се од Пакистан, а по нив следат Сиријци, Еритрејци и Ирачани. Најголем дел од Еритрејците се под 22 години, а слична е состојбата и со Авганистанците и Ирачаните.

Според истражувањето, 18 отсто од азилобарателите имаат високо образование, 20 отсто изучувале средно образование, а 22 отсто се со основно образование. Седум отсто немаат никакво образование.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.