Германска службеничка уапсена за одобрување азил во 1.200 случаи без критериум

Поранешна службеничка на Сојузното биро за миграција и бегалци (BAMF) обвинета е дека одобрила азил во 1.200 случаи и покрај тоа што барателилите не ги исполнувале критериумите.

Поранешната шефица на BAMF во северниот пристанишен град Бремен се најде во центарот на истрагата за корупција заедно со уште тројца адвокати од Бремен и Долна Саксонија, изјави ви петокот портпаролката на јавниот обвинител во Бремен, истакнувајќи дека истрагата траела со месеци.

Повеќето на случаи на одобрување на азил се однесуваат на припадниците на етно-конфесионалната заедница Језиди, прогонети од џихдистите во Сирија и особено масакрирани во Ирак.

Во рамките на истрагата во средата и четвртокот биле извршени претреси на осум во локации во Бремен и Долна Саксонија. Вкупно шест лица се под истрага, вкклучително и преведувачот.

На почетокот од јануари 2017 година град во северна Германија основаше специјална комисија која испитува 300 случаи во коишто азилантите мамеле за социјална помош. Повеќето случаи во оваа истрага се во врска со бегалци од Судан кои во Германија пристигнале со бегалскиот бран во летото 2015 година во градот Брауншвајг, исто така, во Долна Саксонија, а штетата се проценува на неколку милиони евра.

Постојат сознанија дека бегалците по неколкупати се регистрирале на различни места за повеќе пати да добиваат социјална помош, Повеќето од нив се пријавувале со две или три различни имиња и презимиња. Понекогаш едноставно ќе пуштеле брада, ставале очила, ќе ја истрижеле косата…. Тогаш функционерите тврдеа дека за тоа не се виновни преоптоварените социјални работници кои во периодот на кулминацијата на бегалската криза регистрирале и до две илјади луѓе дневно.

Секое лице во овој случај ги измамило властите во просек за неколку илјади евра, а во еден случај исто лице користело дванаесет различни идентитети и така се стекнало со 45.000 евра. Државната обвинителка на Брауншвајг изјави дека е малку веројатно дека измамите ќе добијат суд епилог.