Германската амбасадорка во посета на Струмица

На отворањето на деловната зграда на фирмата Интрама од Германија, денеска во Струмица ќе престојува германската амбасадорка во Македонија, Кристине Алтхаузер.

Компанијата нуди технички системски решенија за прехранбена индустрија.

За време на посетата, германската амбасадорка ќе потпише и договор за проект на Општина Струмица кој предвидува делумно финансирање на ново возило со кое ќе се превезуваат оброците во детските градинки.