Германската канцеларка по несупехот на преговорите се соочува со предизвик во парламентот

© AP Photo / Michael Sohn

Германската канцеларка Ангела Меркел во вторникот ќе се соочи со турбулентна седница на парламентот, откако земјата зачекори во политичка неизвеснот по пропаѓањето на преговорите за формирање на коалициската влада под нејзино водство.

Пратениците на европскептичната и антидоселеничката партија Алтернатива за Германија (AfD) имаат намера да го искористат неуспехот во преговорите меѓу конзервативната унија на Христијанско-демократската унија (CDU) на канцеларката Ангела Меркел и баварската Христијанско-социјална унија (CSU), со Слободните демократи (FDP) кои ги фаворизираат интересите на деловната задница и Зелените, кои се полево ориентиран, како знак за залез на нејзината ера.

Седницата на Бундестагот во вторникот ќе биде вторпат 92-та пратеници на AfD да се појават во парламентот откако нивната партија, како прва голема десничарска партија, влезе во парламентот по Втората светска војна.

Додека во Буднестагот се очекуваат усвитени расправи и сцени, вистинската политичка активност ќе се одвива зад сцената и главните политички актери ќе бидат изложени на зголемени притисоци да се вратат на преговарачката маса и да формираат нова владејачка коалиција за да се избегне повторување на изборите. Ова е особено значајно за да се избегне натамошниот пад на моќта на двете најголеми партии: конзервативците од Унијата CDU/CSU и Социјалдемократската партија на Германија (SPD), кои на септемвриските парламентарни избори ги забележаа најслабите резултати од 1949 година, и особено за запирање на натамошниот подем на AfD.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер во вторникот ќе се состане со лидерите на FDP, Кристијан Линднер, и на Зелените, Симоне Петер и Чем Ездемир, за да се обиде да ги обнови трипартитните преговори за коалицијата со кознервативците на Меркел.

Меркел во понеделникот изјави, а истото го повтрои и во вторникот, дека предност дава на распишувањето нови паралментарни избори, наместо формирање на малцинска влада.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.