Германската „Марквардт“ ќе инвестира во Македонија, денеска потпишува договор со Владата

Германската компанија „Марквардт Гмбх“ ќе инвестира во Македонија.

Владата денеска попладне ќе го потпише Договорот за инвестиција со претставници на компанијата. На потпишувањето во владината зграда, како што е најавено, ќе присуствува и премиерот Никола Груевски.

Детали за инвестицијата се очекуваат по потпишувањето на договорот.

„Марквардт“, како што се наведува на нејзината интернет страна, е водечки произведувач во областа на електромеханички и електронски прекинувачи и трансфер системи. Нивните производи ги користат добро познати автомобилски производители, но се користат и во домаќинствата.

Компанијата има 12 фабрики низ целиот свет во кои се вработени повеќе од 6.000 лица. Во 2012 година имале обрт од над 650 милиони евра.