Германската полиција истражувала „испуштање гасови“

Најмалку 23 полицајци во Берлин минале повеќе од 17 часа обидувајќи се да соберат докази против маж кој прднал додека неговите документи ги проверувала полицајка.

Овој бизарен настан се одиграл во февруари 2016 година, а водачот на полициската група сметал дека станува збор за навредливо однесување и го обвинил проверуваниот маж за непочитување на службено лице при вршење должност.

Една година подоцна на „виновникот“ му пристигнала казна на повеќе од 900 евра, по што тој вложил жалба. На рочиштето коешто се одржало во септември годинава на судијата му биле потребни само неколку минути да го отфрли целиот случај, пишува во петокот берлинскиот дневен весник Berliner Kurier.