Германската полиција нема доволно плицајци за проверка на пасошите од Шенген зоната

Вториот човек на германскиот полициски синдикат денеска изјави дека во земјата нема доволно полицајци за проверка на патниците со пасоши од земјите на Шенген зоната, јави дописникот на МИА од Берлин.

Реакцијата на синдикатот доаѓа по информациите дека министерот за внатрешни работи Томас де Маизер ја разгледува можноста да се вратат проверките на идентитетот за земјите од Шенген зоната откако по несреќата на Џерман вингс не било јасно колку луѓе биле во авионот.

Заменикот претседател на германскиот синдикат Свен Хаубер ја отфрли идејата на министерот затоа што според анализите полицијата нема доволно луѓе за постојана проверка на сите авио патници од од Шенген зоната. На германската федерална полиција и недостасуваат околу 3000 полициајци и без екстра контролите за летовите од Шенген земјите а во 2016 година владата планира да запосли само 500 гранични полицајци на аеродромите.

Според германскиот полициски синдикат авиопревозниците се тие кои што треба да водат за идентиетот на патници и да ги гарантираат тие податоци на властите. „Доколку превозниците не можат да бидат сигурно кои се луѓето кои што ги превезуваат тогаш тие не смеат да дозволат нивно качување на авион“ вели во изјавата Хаубер.

Покрај останатите 22 земји членки на Шенген зоната дел од неа се и Лихтенштајн, Исланд, Швајцарија и Норвешка.