среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 40

Германската влада расправа за депортација на странците кои сториле кривично дело

Со новиот закон германската влада во иднина ќе може да многу полесно да депортира баратели на азил или бегалци кои што направиле кривично дело.

merkel-cdu

Последни вести

Кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел денеска дебатирал околу предлог законот за забрзување на процесот на депортација на странците кои што направиле кривични дела.

Законот предложен од министерот за правда Хајко Маас и министерот за внатрешни работи Томас де Мезиер е предложен по новогодишните напади врз стотици жени во Келн и други градови од страна на напаѓачи од Сеерна Африка и Блискиот исток.

Со новиот закон германската влада во иднина ќе може да многу полесно да депортира баратели на азил или бегалци кои што направиле кривично дело. Според актуелните закони за да едно лице биде протерано треба да биде осудено на казна затвор од најмалку три години.

Според предлогот сега сите обвинети за предизвикување телесна повреда, неспроведување полициска наредба, било каков сексуален престап или насилство поврзано со личен имот во иднина ќе можат да бидат протерано многу побрзо. Законот особено е остар кон тие што повториле некое кривично дело. Дали на обвинетите ќе им биде намалена казната или на осудените ќе им биде изречена условна казна нема да влијае на можноста да бидат протерани.

Според министерот за правда Маас законот не е насочен против бегалците туку напротив тој има за цел да ги заштити стотиците илјади баратели на азил кои што живеат во Германија и кои што ги почитуваат законите на државата

Најчитани вести