Германската влада усвои нацрт закон за двојно државјанство за децата на странците

Германската влада денеска усови нацрт-закон за двојоно државјанство со кој е постигнат компромис меѓу демохристијаните, канцеларката Ангела Меркел и социјалдемократите, а со што се овозможува децата на странците родени во Германија, да поседуваат два пасоша.

Според овој нацрт, децата на странците би можеле да добијат можност да ги задржат двата пасоша, доколку се родени во Германија и до 21 година во животот во Германија да поминат најмалку осум години и шест години да одат во училиште.

„Нашиот компромис на разумен начин го спроведува во пракса, нашиот коалициски договор,“ изјави министерот за правда Хајко Мас и додаде дека се работи за критериумот за двојно државјанство, односно германско, потребно е детето да пораснало и да се школувало во Германија.

Министерот вети дека непотребните бирократски пречки ќе бидат избегнати и дека за децата е потребно да имаат доказ за посетување на училишта или свидетелство за школување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.