Магазин

Германски доктори спасиле пациент благодарение на „Др. Хаус“

Германски доктори спасиле пациент благодарение на „Др. Хаус“

Генијалниот доктор Хаус, иако измислен лик, успеа да реши една дијагноза и да го спаси животот на еден Германец. Тамошните доктори примиле пациент кој страдал од тешко затајување на срцето. По испитувањата ги отфрлиле од можна болест на артериите.

Педесет и петгодишниот пациент има покачена температура за која немало објаснива причина, ги губел слухот и видот и дека штитната жлезда ослабено му работела.

Во клиника во Марбург токму во тоа време се одржувало предавање „Преиспитување на доктор Хаус“ што го одржувал докторот Јуерген Р. Шаефер од болничкиот центар за нерешени болести.

Слични симптоми како и кај измислениот пациент во серијата

Докторите по предавањето воочиле слични симптоми како кај нивниот пациент. Станува збор за 11 епизода од седмата сезона на серијата.

Остатоци од керамичкиот колк му го труеле телото

Се покажало дека проблемите на пациентот почнале уште во 2010 година по операција при што керамичкиот колк му бил заменет со метален со пластични делови. Откриено е дека металниот колк се оштетил поради остатоци од керамички честички во телото на пациентот кои се прошириле во крвотокот во толкава мера што состојбата на мажот од час во час се влошувала.

Колкот веднаш му бил заменет со керамички и состојбата му се стабилизирала.

„Морам да признаат дека Хаус беше многу корисен во овој случај. Ја користев серијата пет години како алатка за учење на студентите, а тоа го воведов за да ги заинтересирам и да им го задржам вниманието“ , вели доктор Шаефер, кој набрзо го нарекле германски др. Хаус, пишува „Индепендент“.