Германски “Еуроактив”: Грција го блокира почетокот на пристапните преговори со Македонија

Лична цел на новиот еврокомесар за проширување Јоханес Хан е да помогне во надминувањето на “судирот на јазици” меѓу Грција и Македонија, пренесува германското издание на ЕУ порталот  “Еуроактив”, во рамките на интервјуто со комесарот кое што го пренесуваат и грчките медиуми.

Како што јавува дописникот на Нептпрес од Атина, во новинарското прашање порталот го користи нашето уставно и историско име и јасно и недвосмилено заклучува дека Грција го блокира почетокот на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.
“Како комесар за регионална политиика, имавте особено добри односи со Грција, која што го блокира отпочнувањето на пристапните преговори со Македонија. Дали ќе ја искористите својата политичка тежина за да ја поместите скалата во друга насока? ”, е новинарското прашање на кое што еврокомесарот одговара:
“Да, имав многу блиски односи со Грција во времето кога бев комесар за рагионална политика. Ова е затоа што тие беа “големото проблематично дете” во тоа време и јас ја посетував земјата често за да ја поддржам и да ја следам имплемантацијата на реформската програма. Секако дека ќе ги искористам моите добри односи со Грција во однос на овој ”конфликт на јазици”. По 19 години неуспешни преговори, мора да бидат направени конкретни чекори за да се реши конфликтот кој што сериозно го отежнува пристапувањето на една од земјите”, е одговорот на еврокомесарот Хан.
Според него, најважните реформски процеси кај земјите кандидати се реформите што треба да се направат во економскиот сектор.
Запрашан за тоа кои ќе бидат неговите конкретни задачи во однос на можностите за пристапување кон ЕУ на балканските земји и кои се поголемите потешкотии кои што постојат во оваа насока, тој вели дека според извештаите за секоја од овие земји постојат големи разлики во напредокот, па затоа не може да зборува за генералните потешкотии, туку мора да се гледа секоја земја одделно.
“Срција и Црна Гора без сомневање направија добар напредок, но сеуште постојат многу области во двете земји, како што е владеењето на правото, каде што е потребно да се направат поголеми напори”, вели Хан.
Новиот еврокомесар, кој што се очекува да ја посети Македонија во јануари, вчера од Брисел ја повика македонската опозиција да се врати во институцииите на државата, нагласувајќи дека сака да ги види политичките партии како водат политичка дебата во Парламентот, а не надвор од него.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.