Германски историчар: Богатите Грци не плаќаат данок од 1830 година

Богатите Грци се исклучени од плаќањето даноци уште од формирањето на грчката држава во 1830, изјавил германскиот историчар Хајнц Рихтер, во критиката што ја упатува до грчките политички партии, објави greekreporter.

Рихтер е германски историчар и професор по модерна историја на Грција и Кипар во Универзитетот во Манахајм. Досега објавил книга и повеќе трудови за Грција.

Во изјава за германското радио Дојчландфунк, Рухтер зборувал за поголем број проблеми во политичката култура во Грција. Во моментот кога е актуелна намерата на новата грчка влада да создаде поповолен даночен систем така што ќе ги оданочува оние Грци со поголеми приходи, Рихтер вели дека тоа е невозможно, особено ако се земе во предвид дека богатите Грци не ги плаќаат даноците уште од 1980 години.

Рихтер нагласува уште еден важен момент во Грција.

-Политичката култура во Грција се разликува од државите во Западна Европа, затоа што се заснова на клиентелизам… Станува збор за сосема затворен систем и затоа политичките формулации кои што се применуваат во Западна Европа неможе да функционираат таму.

Richter put emphasis on another crucial aspect of Greek reality: “The political culture in Greece differs from the rest of Western Europe because it is based on clientelism… It is a completely closed system. And so the political formulas that apply in Western Europe, do not work there.”

Рихтер се обидува да ги детектира корените на клиентелизмот во структурата на Грција. Според него тие може да се детектираат уште во периодот на отоманската власт во Грција.

-Револуционерната војна во периодот помеѓу 1821 и 1830 година била генерирана од клиентелизмот. Во овој клиентелизам политичките партии се партии на име. Всушност, тие се пирамиди на клиенти, составени од лидери, високи претставници и потчинети, вели тој.

Според Рихтер, Сириза воопшто не се разликува од партиите во минатото. Затоа се сомнева дека ќе ги исполни очекувањата.

– Сеуште сум песимист. Моменталната ситуација е неверојатно слична со онаа од 1981 година кога Андреас Папандреу дојде на власт, користејќи ги речиси истите слогани што Алексис Ципрас ги користи денес. И тогаш ПАСОК изгледаше како левичарска партија, исто толку револуционерна како СИРИЗА денес. Ништо не се сменило, вели Рихтер.

фото: greekreporter.com