Германски јасновидец: Знам каде е телото на исчезнатата Меделин

Германскиот јасновидец Мајкл Шнајдер тврди дека Меделин е мртва и дека нејзиното тело е закопано во близина на португалскиот град Албуфеир.

Тој во вторник ќе патува за Португалија каде ќе појде на местото за кое тој верува дека е закопана Меделин. Таму, прво ќе медитира, а потоа со помош на полициски кучиња и инспектори ќе ја пребараат локацијата.

Родителите на исчезнатото девојче се’ уште немаат дадено коментар за овој потег на јасновидецот кој тврди дека нивната ќерка е мртва.

Меделин Мекејн  исчезна пред шест години, додека со семејството беа на одмор во Португалија. Тригодишното девојче исчезна од собата додека нејзините родители  вечерале во бар во близина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.