Германски полицаец канибал го убил, го распарчил и го изел својот партнер

Германските истражни органи го уапсија Детлеф Г. полицаец од Покраинската криминалистичка служба (ЛКА) во Дрезден поради сомнеж дека го убил, распарчил и можеби одредени делови телото и ги изле на својот партнер, 59-годишна жртва.

Осомничениот Детлеф Г. работел како аналитичар на ракописите во ЛКА, а пред неколку години се развел од сопругата, па подоцна живеел со момче. Но изгледа и тој однос не го направил задоволен, па на една интернет страница за канибали ја запознал својата подоцнежна жртва.

Детлеф Г. ја пронашол својата жртва односно 59 годишниот човек од Хановер, кој го повикал на средба во Рајхенхау. Како што пишува германскиот таблоид „Билд“, овој полицаец најпрво имал секс со својата жртва, а потоа го распарчил трупот и го закопал на својот имот.

Бидејќи оваа жртва била пријавена како исчезната, полицијата започнала акција и денеска открила делови на телото, но не сите. Во Германија, во последните 15 години има два случаи на канибализам.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.