Германски пророк: Доаѓа голема војна, еве кој народ ќе јa преживее апокалипсата!

Во пророштвото кое датира од 17 век, чиј автор е непознат германски свештеник, се спомнува дека една земја на југот од Европа ќе биде многу важна. Пророштвото е објавено во книгата „Тајните на пророкот“, а во него за 21 век се вели дека е најизопачен од сите, и ја открива земјата која ќе биде Храм Божји.

Во пророштвото, 21 век се опишува како „време на страв и голема беда“. Пророкот понатаму вели дека во овој век ќе се случи „најголемото зло“.

„Во поголем дел од земјите децата ќе се кренат против своите родители, граѓаните против власта, верниците против Бога, целото човештво ќе се бори против воспоставениот поредок. Ќе се случи голема војна во која смртоносно оружје ќе паѓа од небото, на начин на кој досега не е видено. Ќе дојде до привремен застој, а потоа до уште пожестоко продолжување на војната и целиот свет ќе се преврти наопаку. Ќе дојде до големи финансиски кризи и уништување на добра. Луѓето ќе бидат како без разум и почитување дури ни кон најблиските“, стои во пророштвото.

„Отровни испарувања и зраци кои можат да зрачат посилно и од Сонцето. Ќе маршираат железни војски, на набото ќе летаат летала полни со страшни бомби и стрели. Фатални летечки ѕвезди и сулфурен оган ќе уништат многу градови“, ова е описот на оружјето кое ќе се употребува во 20 век.

Во пророштвото стои дека 21 век е најизопачен од сите, „поради тоа што луѓето кои ќе се издигнат над сите ќе мислат дека се богови, но народот ќе се крене против нив во сите земји“.

Најзначаен дел од пророштвото се однесува на земја која се наоѓа на југот од Европа или Блискиот исток, а која ќе биде многу важна во „последните периоди“.

pro1

„Една  земја која се наоѓа или на југот на Европа, или на Блискиот исток, ќе се обидат многу да ја уништат. Таа земја при ќе биде една од најважните и преку нена ќе се кршат многу копја. Поради таа земја многу народи ќе војуваат , а народот кој живее во таа земја во неколку наврати ќе биде пред тотално уништување. Ќе почне страшна војна, а веднаш по неа уште поголема војна . Кога ќе помина оваа војна, од која таа земја повторно ќе се роди, ќе ја води еден крал кој прво ќе биде најомразен човек, а после сите ќе го сакаат, што кога ќе умре сите кралеви и цареви ќе отидат да му се поклонат. Оваа земја многумина нема да ја сакаат, бидејќи се знае дека Бог во неа го создал Адам и тука многу оадмна била Рајската градина. Сатаната ќе се обиде таа земја да ја уништи на повеќе начини. Секогаш ќе користи злато. Луѓето таму се многу алчни и поради златото ќе се пролее многу крв. Во таа земја веќе се случиле две најголеми војни во далечното минато и во двата случаи луѓето преживеале“, стои понатаму во пророштвото.

„Кога ќе дојде Крајното време, и кога сите народи ќе војуваат едни со други, во таа земја ќе се спушти од небото Божјиот храм. Оттогаш таа земја ќе биде најпочитувана на светот затоа што во неа ќе живее самиот Бог. Девицата ќе се обиде тоа да го каже, но никој нема да ја слуша, бидејќи во тоа време луѓето ќе бидат окупирано со борба за власта- со овие зборови ги завршува своите мисли непознатиот пророк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.