Германски весник тврди дека бројот на загинати во Украина е 50 илјади луѓе

Во воените дејствија во Украина загинале 50 илјади луѓе што е речиси 10 пати повеќе отколку официјалните податоци на Киев, објави германскиот весник „Франкфуртер алгемајне зонтагцајтунг“, пренесува МИА.

Според податоци на украинската страна во конфликтот загинале 1200 војници и 5.400 цивили. Весникот се повикува на информации на германското разузнавање кои сметаат дека таа цифра е 50 илјади луѓе.

По жестоки борби често се соопштува за не повеќе од 10-на загинати, но на терен таа цифра е значително поголема, наведува весникот. Податоците за загинати 1.200 војници и 3.500 цивили беа на украинскиот претседтаел Петро Порошенко искажани на Минхенската конференција за безбедност.