Германските власти уапсија исламистички екстремист, осомничен за тероризам

Во Германија денеска е уапсен еден од највидните исламски екстремисти, Свен Лав, под сомнение дека и дава поддршка на странска терористичка организација, информира ТАСС.

Обвинителството соопшти дека Свен Лав бил приведен во западниот дел на Германија.

Тој е осомничен дека ја поддржувал групата „Џаиш ал мухаџирин вал ансар“, која САД минатата година ја стави на листата на терористички организации.

Според обвинителството, 35 годишниот германски државјанин, кој преминал во ислам, им помагал на екстремистите кои сакале да се борат за групата во Сирија.

Тој е осомничен дека на оваа организација и двала финансиска и материјална поддршка.

За Лав се дозна минатата година кога се обиде да создаде „шеријатска полиција“ во германскиот град Вупертал за примена на строга интерпретација на исламот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.