Германскиот амбасадор повикан во турското МНР поради наводна шпионажа

Германскиот амбасадор во Турција, Берхард Пол денеска бил повикан во турското Министерство за надворешни работи каде била изразена загриженоста на Анкара по тврдењата за шпионирање на Турција од страна на Берлин.

Германското списание „Шпигел“ тврди дека Владата во Берлин уште во 2009 година побарала од разузнавачките служби да ја шпионираат Турција, која е партнер на Германија во НАТО.

Весникот наведува дека целите на шпионажата се актуелизираат на секои четири години на германската Влада, но оти актуелните приоритети не биле променети по шпионската афера со САД и оти Турција најверојатно уште е цел на прислушување.