Германскиот министер за надворешни работи вознемирен, Заев задоволен

Ние сме заинтересирани за безбедното и стабилното соседство на Западен Балкан. Бидејки е така, ги следиме случувањата во различните држави не само со интерес, туку понекогаш и со вознемиреност, истакна шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмајер.

-Со вознемиреност деновиве го следам развојот во Македонија. Во четвртокот разговарав со еврокомесарот Хан, кој презема големи напори да посредува меѓу страните во спорот. Односите меѓу различните етнички групи таму се кревки. Назадувањето не е исклучено, доколку политички одговорните не ја оправдаат својата одговорност. Минатата седмица се чинеше дека е постигнат исчекор нанапред, дека за блиска иднина е поплочен патот до новите избори. Оваа недела се одржаа разговори околу тоа како би изгледал тој период до одржување нови избори за сите етнички и политички групации да имаат фер шанса на тие избори. Разговорите во средата не минаа добро. Се надевам дека во најскоро време ќе може да се повторат, додаде тој.

Наспроти ситe овие предупредувања дека земјата ќе претрпи политички и економски последици, Зоран Заев изрази оптимизам и потврди дека сето ова е дел од неговото сценарио.

-Задоволен сум заради тоа што работите се движат во наш очекуван правец, изјави Заев вчера.

Токму назадувањето, според аналитичарите, е целта на СДСМ и нејзиниот лидер.

Очекуваниот позитивен правец за СДСМ и Заев значи огромна штета на државата, поволниот правец го чини бизнисот губење на финансиски средства, исчекување за граѓаните кои се држат во заложништво и меѓународна штета.