четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 87

Германскиот заменик амбасадор во посета на „Дрекслмаер“

Германската амбасада во Македонија и фабриката „Дрекслмајер“ во Кавадарци ќе спроведуваат заеднички хуманитарни проекти и ќе работат на развивање и поддршка на моделот на дуалното образование во средните училишта, кој компанијата веќе го спроведува.

„Дрекслмаер“

Поврзани вести

Заедничките активности се договорени при посетата на „Дрекслмаер“ на заменик амбасадорот и раководител на економскиот оддел  во Германската амбасада во државава Марко  Акватичи.

Како што соопшти денеска „Дрекслмаер“, Акватичи се информирал за предизвиците со кои се соочува компанијата и се запознал со начинот на функционирање, производствените процеси, работните услови и воспоставените стандарди по кои работи.

– „Дрекслмајер“ е германска компанија која во Македонија вработува повеќе од пет илјади луѓе. Како еден од позначајните работодавачи во земјава, компанијата придонесува за развојот на економијата и намалување на невработеноста во овој регион. Драго ми е што во фабриката се работи според високи германски стандарди во сите области од производство, квалитет, работна средина, како и безбедност и заштита при работата, навел, како што соопштува компанијата, Акватичи при посетата.

Најчитани вести