Германските демохристијани и социјалдемократите договорија голема коалиција

Партиите коишто преговараа за формирање на германската владејачка коалиција, односно унијата на Христијанско-демократската унија (CSD) и нејзината сестринска баварска Христијанско-социјалната унија (CSU), од една страна, и Социјалдемократската партија на Германија (SPD), од друга страна, по повеќенеделните преговори договорија голема коалиција, пренесуваат медиумите во средата

По маратонскиот состанок кој траеше 20 часа, договорено е SPD да го задржат министерството за труд и социјала, иако CSU ги посакуваше овој ресор. Социјалдемократите го задржаа и министерството за надворешни работи, но и го преземаа министерството за финанси со коишто досега раководеше CDU, што претставува голема загуба за партијата на канцеларката Ангела Меркел, којашто со овој договор конечно официјално ќе го започне својот четврти последователен мандат на чело на германската влада.

Конзервативниот блок и социјалдемократите се сретнаа трет ден по ред за да го постигнат финалниот договор, откако изминатиот викенд истече рокот, кој инаку самите го наметнаа. Но сега преостанува договорот да го изгласа партиската база на SPD од 443.000 делегирани членови, што нема да биде лесно имајќи го предвид нејзиниот отпор поради историски најсланиот изборен резултат на септемвриските парламентарни избори, за што многумина вината ја гледаат токму во учеството во ткн Голема коалиција со конзервативците

Германија, како најголемата европска економија, се наоѓа во политичка парализа пет месеци по парламентарните избори, што предизвикува загриженоста кај инвеститорите и земјите партнери, околу можното одложување во носењето на важните одлуки неопходни поради прашањата како што е излегувањето на Велика Британија од Европската унија или реформите на еврозоната.

Социјалдемократите, коишто владееја заедно со конзервативниот блок од 2013 година, имаше голем притисок да влезе во преговорите за новата влада, и бараше отстапки од демохристијаните. Двете страни се договорија во неделата дека ќе инвестираат повеќе од две милијарди евра во социјалното домување до 2021 година, дека ќе потрошат 12 милијарди евра на проширување на широкопојасниот интернет во ретко населените делови на земјата, и оти ќе наменат околу 33 милијарди евра за разни проекти, вклучително и грижата за децата.

Постигнаа договор и околу прашањата на миграцијата, енергетиката и земјоделието, меѓутоа останаа двете најтешки точки за коишто последни разговараа – за законот за труд и за здравството.