сабота, 29 јули 2017  |  Вести денес: 22

Германските избори под закани од руски хакери

Германските политичари предпредуваат на опасноста руски хакери да влијаат на резултатите од федералните парламентарни избори закажани за идниот септември.

хакери

Поврзани вести

 Според пратеникот на партијата на канцеларката Меркел, Волфганг Бошбах постои сериозен ризик од надворешна манипулација, јави дописникот на МИА од Берлин.
Постои генерална опасност на сојзуните парламентарни избори догодина да се случи надворешно влијание преку таргетирана инфилтрација со цел маинипулирање на фактите и мислењата на граѓаните, изјавил Бошбах кој за весникот „Келнер Штад Анцајгер“ предупредува дека на Германија и се заканува слично сценарио како и во САД.
Предуредувањето на влијателниот пратеник на ЦДУ доаѓа во моменти кога дел од безбедносните служби во САД тврдат дека Русија се обидела да влијае на резултатите од претседателските избори на кои победи Доналд Трамп. Пред еден месец високи претставници на германските служби за безбедност предупредија на слично сценарио, а минатата година Русија беше обвинета дека стои и зад хакерскиот напад врз германскиот парламент.
Неименувани германски претставници за медиумите сега тврдат дека дел од тајните документи кои што пред две недели ги објави Викиликс а се однесуваат на американските институции „многу веројатно“ се украдени за време на хакерскиот напад на Бундестагот каде што се води истрага за шпионирањето на Националната служба за безбедност на САД на германските институции.
Такво сценарио за изборите не исклучува ниту СПД чиј портпарол за надворешна политика Ролф Мецнич вели дека и во Германија не може да се исклучат вакви активности и затоа во кампањата ќе мора да се спречат извртувањата и лажните извештаи.
Од руските хакери се плашат и баварските членови на ЦСУ, сестринската партија на ЦДУ. Одговорниот за внатрешните работи во партијата Штефан Мајер вели дека постои голема опасност од хакерски напади при што ќе се зголемат и кампањите за дезинформации на јавноста.
Минатат недела шефот на германската служба БФВ Ханс Георг Масен изјави дека е детектирана зголемена кибер шпионажа во Германија.
Една од посочените хакерски групи е „Фенси Беарс“ или АПТ28 за која германските власти веруваат дека е под контрола на руските власти.
Русија систематски ги отфрла сите наводи на Германија и САД за нејзина вмешаност во било какви нелегални хакерски активности во двете земји.

Најчитани вести