Германските партии поделени околу најновиот предлог на Грција

Германските партии поделени околу најновиот предлог на Грција

Споривставени сингали испраќаат партиите членки на германската владеачка коалиција во врска со вчерашниот предлог на грчката влада со кој се прифаќаа сите брања на еврозоната, пренесува МИА.
Откако министерот за финансии Шојбле кој се смета за најтврд противник на попустлив однос кон Грција се пошегува дека би ја менувал Грција за Порторико земја која исто така се соочува со банкрот реагираа и Социјалдемократите. Од втората по големина партија во Германија која е во коалиција со ЦДУ на Меркел искажуваат задоволство од понудата на Ципрас да крати на пензии, трошови во одбраната, да продолжи со приватизација и другите мерки. Според еден од водечките претставници на СПД Аксел Шефер прекин на разговорите со Грција и излегување од еврозоната би било лудост.Од друга страна пратениците од партијата на Меркел ЦДУ и нивните конзервативни патнери од баварската ЦСУ сметаат дека на Ципрас не може целосно да му се верува откако минатата недела на негово барање грците и отфрлија истите ветувања кои сега тој ги нуди.

Колку е верно дека ветените реформи ќе бидат имплементирани прашуваат од партиајта на Меркел која се соочува со сериозен притисок од јавноста да прекине со попустливиот став кон неодговорната Грција поради која што се изгубени 6 месеци во обидот да се најде решение за кризата.

Поранешниот министер од ЦСУ Ханс Петер Фридрих семта дека „Грчката влада ги лаже своите луѓе или не лаже нас повторно“.

Според најавите Меркел засега не планира да ја напушти стратегијата за останување на Грција во еврозоната но не по секоја цена. Но таа предходно ќе мора да ги убеди своите сопартијци да гласаат во Бундестагот, што засега се оценува како една од најтешките нејзини мисии во последниве неколку години.Со оглед на сегашнито распоред на силите таа би добила согласност за трет пакет помош за Грција но би постигнала пиров победа доколку ја изгуби поддршката од голем дел од пратениците на нејзината партија ЦДУ. Во Февруари рекордни 29 пратеници беа против продолжување на помошта за Грција а 109 од нив потпишаа изјави дека иако гласале за имале забелешки за предлогот.

На прес конференција во гермаската влада денеска портпаролот Штефан Зајберт  одби да го коментира новиот грчки предлог изјавувајќи дека Меркел од парламентот ќе бара поддршка само доколку смета дека Грција е сериозна за реформите. Еден од експертите за финансии во пратеничката група на ЦДУ вели дека избирачите во неговата изборна единица се против помош за Грција.

– Тешко можам да најдам некој што сеуште подржува помош за Грција, Ципрас и екс министерот за финансии Варуфакис ја уништија нашата доверба. Никој веќе не им верува“, вели Екхард Ренберг пратеник во Бундестагот.

Германија е една од неколуте  членки на Еврозоната каде што за нов пакет помош за Грција треба формална дозвола од националните парламенти. Освен Германија проблеми се очекуваат и во Финска која што се соочува со финансиски проблеми.