Германските пензионери ќе добијат за три отсто повисоки пензии

Германската влада соопшти дека пензиите годинава ќе пораснат за 3 отсто како резултат на силното зголемување на платите во најсилната европска економија, што е драстично зголемување над стапката на инфлација во земјата.

Министерството за труд вчера информираше дека од 1 јули пензиите ќе пораснат за 3,22 отто во некогашната Западна Германија, односно за 3,37 во источниот, поренешен комунистички дел на државата. Годишната стапка на инфлација во Германија во февруари изнесувала 1,4 отсто, пренесува агенцијата АП.

Со најновото зголемување, кое се поврзува со порастот на платите што се должи на здравиот економски раст, пензиите на помалку просперитетниот исток ќе достигнат ниво од 95,8 отсто од износот кој се бележи во западниот дел на Германија, каде живее мнозинството население.

Оваа разлика во примањата на германските пензионери се очекува да биде отстранета до средината на 2024 година.