Спорт

Богати премии за противниците на Македонија на ЕП Германските ракометари ќе добијат 250.000 евра ако ја одбранат титулата

Германските ракометари ќе добијат 250.000 евра ако ја одбранат титулата

Германските ракометари, доколку ја одбранат титулата европски првак на Европското првенство коешто започнува во петок во Хрватска, ќе добијат по 250.000 евра.

„Значително го зголемивме наградниот фонд на барање на играчите, и тоа со право“ изјавил потпретседателот на Германската ракометна федерација, Боб Ханинг, пренесе новинската агенција DPA.

Второто место на континенталниот шампионат на играчите би им донело по 200.000, а третото 150.000 евра.

И пред две години германските ракометари добија околу 250.000 евра за шапионската титула но тогаш спонзорските средства веќе беа вклучени во премијата.

Германија во групата Ц во Загреб првиот меч во сабота ќе го игра против Црна Гора, вториот против Словенија во понеделник, а третиот на распоредот е против селекцијата на Македонија, во среда на 17-ти јануари.